Изјава за пристапност на P&G
Procter & Gamble (P&G) има за цел да обезбеди инклузивно искуство за сите, без оглед на нивните способности. Ние се стремиме да ги идентификуваме и отстраниме препреките што можат да ја попречат можноста за користење на нашите производи, услуги и комуникации.
Со наменски ресурси кои помагаат да се унапредат вештините и нашата работа да стане попристапна, нашите тимови ширум светот постојано напредуваат со цел нашите производи и услуги да бидат уште подостапни за лицата со попреченост, како дел од нашите секојдневни напори да им служиме на потрошувачите.
Производи и услуги
Посетете ја нашата веб-страница „P&G Еднаквост и инклузија – Лица со попреченост“ за повеќе информации за тоа што правиме за нашите вработени, брендови, партнери и заедници. Ние се стремиме да ги идентификуваме и отстраниме препреките од нашите производи и услуги.
Дигитална пристапност
Нашиот процес на дигитално тестирање вклучува автоматско и рачно тестирање на усогласеноста со стандардите за пристапност, во согласност со Упатствата за пристапност на веб-содржини (WCAG), со што се унапредува пристапноста без оглед на користената помошна технологија или способностите на корисниците.
Повеќе информации
Трети страни
Нашите дигитални платформи може да содржат врски до други веб-страници управувани од трети страни или да вклучуваат услуги од трети страни обезбедени преку софтвер или приклучоци (плагини), како што се услуги за мапирање или локација („Веб-страници или услуги од трети страни“). Овие врски и услуги се достапни за погодност на корисниците и се наменети само да овозможат пристап до овие веб-страници или услуги од трети страни. Се обидуваме да соработуваме со некои од нашите добавувачи за да обезбедиме попристапно искуство, но не можеме да ја гарантираме нивната пристапност.
Помош и повратни информации
Ве молиме, известете нè ако имате некакви проблеми да пристапите до која било веб-страница, производ или услуга на P&G или ако имате какви било предлози за подобрување на пристапноста. Контактирајте нè преку е-пошта accessibility.im@pg.com, со повик на +389 2 2580 500 или по пошта на адреса: Нелт СТ д.о.о.е.л., Кадино бб, 1041 Илинден, Скопје, Северна Македонија.
Во вашата порака, ве молиме наведете ги вашите контакт информации, конкретни детали за производот или услугата за кои станува збор, како и краток опис на предлогот или проблемот со кој сте се соочиле. Доколку е применливо, наведете го типот и верзијата на помошната технологија што ја користевте како и типот и верзијата на веб-прелистувачот што го користевте.
